Дома | Распоред | Локација | Активности | Донации | Линкови | Контакт
 

Македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил и сите ангели“ е територијална единица на Македонската православна епархија за Европа и дејствува под канонска и духовна јурисдикција на Македонската Православна Црква. Посветена е на негувањето и ширењето на православната христијанска вера меѓу македонските семејства и поединци од Лондон и цела Велика Британија, а отворена е за сите што сакаат да ја помогнат нејзината мисија. Редовни богослужби се служат на македонски, црковнословенски и англиски јазик во храмот „Св. Варнава“ на ул. Манет во Сохо W1, Лондон (види мапа), а повремено и на други места. Детали за богослужби и други настани погледнете во распоредот или побарајте информација преку нашите контакти.   

Вести

Следна богослужба: 13 јули, недела: Собор на 12 апостоли – Павловден

Божествената литургија ќе се одржи во храмот „Св. Варнава“ во Лондон со почеток во 10:30 часот.


Институтот за православни студии во Кембриџ (IOCS) во периодот од 13 до 18 Јули ќе организира летна школа на тема „Двиг кон Светоста„. Меѓу предавачите годинава се вбројуваат митрополитот Калист Вер, отец Ендрју Лут, архимандрит Ефрем Лаш и други. Уписите за летната школа се во тек. повеќе


На состанокот на црковниот одбор кој се оддржа на 15.06.2008 беше утврден распоредот на богослужби за вториот дел од годината.


 

Колумна

Кога би изгледале посмешни? Кога некој ќе не начека во тесно и ќе не мота со некои “правила”, или кога ќе дадеме согласност нашите деца да посетуваат веронаука? Зарем мислите дека и родителите нема да имаат полза од тоа, дека нема нешто да научат и тие преку своите деца?   повеќе

Пишува: митрополит Европски Пимен


 

 

Православен календар

Активности на МПЦО Св. Архангел Михаил и сите ангели

Второ Воскресение, Лондон (28.04.2008)

Велигден во Лондон (28.04.2008)

Воскресение Христово - Видео (26.04.2008)

Велики петок, Оплакување Христово (28.04.2008)

Велики Петок во Лондон - Видео (25.04.2008)

Велики Четврток во Лондон (24.04.2008) 

повеќе